Сараевски пожарникари, заради неисправен хидрант,  пожарот што вчера избувна во облакодер на Алипашино Поле,  го гаселе со шолја за чај. Видеото што денеска беше објавено на Youtube, предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи и во медиумите.

Со шолја за чај против пожар:

Во пожарот загинаа две лица, а  осум се повредени. Откако пристигнале на местото на настанот, пожарникарите заклучиле дека нема со што да го гаснат големиот пожар, бидејќи ниту еден од хидрантите не бил исправен, а и во Сараево долго време има недостиг од вода и рестрикции.

Од друга страна , трагедијата да биде уште поголема, компанијата која е задолжена за одржување на хидрантите издала соопштение во кое тврди дека хидрантите биле во исправна состојба, само требало во подрумот да се одвртат вентилите и водата ќе дошла непречено на 11 кат.

АКО.мк,агенции