Иван Тричковски продолжува да ги тресе мрежите во Кипар, нашиот репрезентативец постигна еден гол против Неа Саламис .

АЕК Ларнака запиша победа со 2-0, Тричковски го постигна првиот гол во 22 минута, Акоран ги постави конечните 2-0 во второто полувреме и со вкупни 4-1 АЕК Ларнака обезбеди четвртфинале во Купот на Кипар.