Ферари го престави болидот „SF90 F1“ со кој сака конечно да ја заврши декадата без триумф во Формула 1.

Новиот болид ветува дека Ферари може до титула , Матиа Биното кој е нов шеф во тимот вели, новиот болид не е револуција, тој преставува подобрување на перформансите од минатата година.

Биното вели дека во Ферари сакаат да ја поместат границата и да одат едно ниво погоре, Себастијан Фетел има одличен болид и можеме да конкурираме за висок пласман вели новиот шеф во тимот.

Ферари „SF90 F1“ треба да преставува успех и продолжување на традицјата, Ферари година прославува 90 години од раѓањето на Скудерија во Модена и во тимот имаат големи очекувања во новата Ф1 сезона.