Ерлинг Браут Халанд од Норвешка е неверојатен, на Мундијалот во Полска за играчи до 20 години постигна девет голови против Хондурас, неговата селекција славеше со 12-0.

Халанд со ова влезе во историјата како единствен играч со девет голови за само 90 минути на еден натпревар на младински Мундијал . Халанд игра за Салцбург, во првото полувреме постигна четри гола, во вториот дел уште пет.