Неверојатен меч одиграа Циципас од Грција и Надал на кој славеше тенисерот од Грција со 2-1 по голема борба и неверојатно добар тенис, закажа финале со Ѓоковиќ на Мастерсот во Мадрид од серијата 1000.

Младиот тенисер од Грција, одигра извонредно добро и по два ипол часа го победи фаворитот Надал со 6-4,2-6 и 6-3. Циципас за прв пат го победи Надал , против Ѓоковиќ ќе игра втор пат и има една победа досега . Финалето во Мадрид започнува од 18-30 часот со пренос на Спортклуб.