ВИДЕО: Црвен картон за Меси, Аргентина го освои третото место по 30 години на Копа Америка

Аргентина го освои третото утешно место на Копа Америка откако го победи  Чиле со 2-1, Меси заработи црвен картон, Чиле играше без Медел по „дуелот“ со капитенот на „гаучосите“.

Агуеро и Дибала постигнаа голови во првото полувреме за Аргентина, Видал од пенал намали на 2-1 во 59 минута но Чиле не успеа да го одведе мечот во  пенал серија.

Аргентина по петти пат го освои третото место на континенталниот собир, за прв пат  по пауза од 30 години. Финалето, Бразил – Перу се игра вечерва со почеток од 22 часот.