Атланта му го нанесе четвртиот пораз на ЛА Лејкерс на последните пет меча во НБА и ја продлабочи кризата на екипата од Лос Анџелес.
Атланта славеше победа против Лејкерси со 117-113, најефикасни кај победничката екипа Јанг и Џонсон со по 22 поени. Леброн Џејмс запиша „трип-дабл“ за Лејкерси со 28 поени, 11 скока и 16 асистенции.
Резултати:
- Мемфис – Сан Антонио 107-108
- Њу Орлеанс – Орландо 88-118
- Филаделфија – Бостон 109-112
- Голден Стејт – Јута 115-108