Видео: Чиле без проблеми ја збриша Јапонија

Чиле стартуваше со убедлива победа на Копа Америка, запиша триумф против Јапонија со 4-0 , по првиот дел резултатот гласеше 1-0. Чиле доминираше на овој меч, заслужено дојде до висока победа.

Серијата на голови ја отвори Пулгар во финишот на првиот дел. Во второто полувреме уште три гола, Варгас беше реализатор на два , еден постигна Санчез.