Дерби мечот од 19 коло во ПМФЛ му припадна на шампионит Шкендија, екипата од Тетово со голот на Имери запиша минимална победа.

На Вардар не му беше признат гол , судијата Мечкаровски и неговите помошници не видоа дека топката по „бомбата“ на Филип Најдовски од пречката заврши зад гол линијата.