Фудбалерите на Шкупи се хероите во последното коло во ПМФЛ сезонава, со головите на Устабаши во 89 и 92 стигнаа до победа 1-2 и тоа со пресврт , Баже Илијоски претходно донесе водство за „романтичарите“ во 84 минута.

Ренова славеше над Шкендија со 3-2 и обезбеди опстанок. Силекс ја победи Беласица со 2-1 но сепак ќе игра бараж за опстанок. Академија Пандев и Вардар одиграа 1-1 во натпревар без значење, Македонија стигна до триумф над Победа со 3-1 и обезбеди квалфикации за ЕЛ.

Шкендија ќе не претставува во квалфикациите за ЛШ, Академија Пандев, Шкупи и Македонија Ѓ.П. во Европа лигата.