Динамо Загреб го совлада тимот на Бенфика со 1-0 и обезбеди минимална предност пред реваншот во Португалија.

Единствениот гол во Загреб го постигна Петковиќ од пенал во 38 минута. Рен го изненади Арсенал и славеше победа со 3-1, Севиља и Славија Прага одиграа нерешено 2-2, Виљареал победи на гости кај Зенит со 3-1 и има најубедлива предност, немаше голови во Франкфурт, Антрахт – Интер 0-0.

Реванш средбите се играат следната недела.