Кошаркарите на Њујорк ја совладаа Атланта 106-91 и конечно запишаа победа по 18 порази во низа што е најцрната серија во историјата на клубот.

Денис Смит кај победничката екипа беше најефикасен со 19 поени на што придодаде и два скока и 7 асистенции. Двејн Дедмон кај Атланта најефикасен на мечот со 21 поен.

На останатите две нокешни средби, Орландо – Шарлот 127-89 и Њу Орлеанс – Оклахома 131-122, Расел Вестбрук на оваа средба го запиша 11. „трипл-дабл“ ефект со 44 поени со 14 скока и 11 асистенции .