Џејмс Харден е „машина“ која не запира, постигна 42 поени за Хјустон на мечот со Бостон кој „ракетите“ го добија со 115-104.

За Хјустон ова е петта победа во низа со што стигнаа до петото место на табелата во Западната конференција. Покрај Харден со 42 поени се истакна и Гордон кој уфрли 32, кај поразената екипа Ирвинг мечот го заврши со 24 поени.

Резултати:

  • Шарлот – Портланд 108-118
  • Чикаго – Атланта 118-123
  • Кливленд – Оралндо 107-93
  • Клиперси – Њујорк 128-107
  • Вашингтон – Минесота 135-121
  • Детроит – Торонто 112-107 по продолжение
  • Оклахома- Мемфис 99-95