ВИДЕО: 350 победа на Федерер на Грем Слем турнирите

Најдобриот тенисер на сите времиња Швајцарецот Роџер Федерер во рамките на третото коло на Вимблдон славеше со 3-0 за два часа и осум минути во сетови 7-5, 6-2 и 7-6 против Лукас Пуј, па така се пласираше во осминафинале на турнирот 17 пат во неговата кариера кога е во прашање Вимблдон.Исто така Федерер е првиот тенисер во историјата кој стигнал до 350 победи на Грем Слем тениските турнири.

Во првиот сет се водеше израмнета битка меѓу двајцата тенисери, а прв во брејк можност стигна Пуј во седмиот гем, но Швајцарецот ја одбрани, па во 12. гем направи брејк за 7-5.
Во вториот сет Швајцарецот играше уверливо и го доби со 6-2.

Пуј беше достоен противник и во третиот сет, каде што не му дозволи на Швајцарецот да стигне до брејк-шанса, но едноставно беше немоќен во тај-брејкот, кој го доби Федерер со  7-4.

Федерер во следното коло ќе игра против Матео Беретини, кој претходно беше подобар од Диего Шварцман со 3-2 во сетови.