ВИДЕО: 4 годишно девојче испадна од мини-бус во движење на автопат во Арканзас

Семејство кое патувало зад еден мини-бус во Арканзас останало шокирано кога во еден момент 4 годишно девојче испаднало од задната врата и останало да лежи неподвижно на автопатот. Возачот на мини-бусот ова воопшто не го забележа, туку продолжи да си вози. Иако шокирани, брачниот пар кои сето ова го снимиле со поставената камера во нивниот автомобил, веднаш истрчаа и го кренаа девојчето, кое за среќа даваше знаци на живот. Гласот на Америка на македонски јазик информира дека детето поминало со скршеница на вилицата и други  телесни повреди, но ќе биде добро: