Виетнамската царина заплени рогови од носорог вредни 4.000.000 долари

Виетнамската царинска управа заплени 125 килограми рогови од носорог во вредност од 4 милиони долари.

Роговите се испратени по воздушен пат од Обединети Арапски Емирати, а биле спакувани во посебни гипсени кутии..

Како што пренесува Ројтерс, ова е една од најголемите нелегални пратки и трговија со фауна и флора во југоисточна Азија.

Се верува дека роговите од носорог имаат лекови својства и се користат за лекување од мамурлак од пијанство, па сѐ до разни видови карцином.

Купувачи се богати луѓе главно од Азија и Кина.