,,Визија“ со видео запис за ,,Гласно“

Скопскиот алтернативен рок бенд Визија објави спот за песната „Гласно!”. Нумерата е  од истоимениот албум, концертно промовиран во Младинскиот културен центар.

Автор на видео записот (режија, сценарио, камера и монтажа) е гитаристот на бендот – Марко Џамбазоски. Спотот официјално е објавен  на You tube каналот на Визија.

 


 


Албумот „Гласно!“ може да се купи во Скопје – ,,Југотон” и ,,Пола Југотон”, Охрид – ,,Музичка продавница Зизи топ”, Битола – ,,Brothers tobacco”, Кичево – ,,Вемакс”, Кочани – ,,Шишко“.