„Визија“ ќе го промовира првенчето „Гласно!

 

После бројните настапи на домашни и регионални музички фестивали во изминатите неколку години, скопскиот бенд „Визија“ конечно ќе го промовира својот прв студиски албум насловен „Гласно“. Промоцијата доаѓа речиси точно една година по нивниот прв официјален видео запис за одличната ,,Гласот на мојата душа”, кој беше прогласен и за најдобар за 2015.

Скопската рок четворка, која годинава го слави и својот 5. роденден, се затвори во студио уште од април годинава, а резултатот од сето тоа публиката ќе има можност да го слушне и во живо на претстојната промоција закажана за 8 декември, четврток, во МКЦ, со почеток од 20 часот. Влезот е бесплатен, а посетителите ќе можат да си го купат албумот по промотивна цена.

„Визија“ е оформена на 27 ноември 2011 година од страна на Марко Џамбазоски (гитара и придружен вокал), Марко Гапо (вокал и ритам гитара), Лилјана Јанкова (бас гитара, придружен вокал) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани).

Од своето основање досега, групата настапила на повеќе фестивалите , а британската музичка страна „Имрџинг инди бендс“ (Emerging Indie Bands) ја смести меѓу најдобрите 10 во светот, додека на 30. јубилејно издание на „Рок фест“, Марко Џамбазоски беше прогласен за најдобар гитарист.