Викенд населба за мртовци

Не е чудо да се запрашате постои ли задгробен живот во српски Смољинац, кога ќе ги видите најнеобичните гробишта што воопшто некој ги направил.

Второ нешто што ќе си помислите е дали во селото Смољинац кај општина Пожаревац во Србија, и на оној свет, не се сите еднакви.

Овој впечаток може да го добие секој случаен минувач кој ќе се најде во близина на најнеобичната ,,викенд населба” за мртовци, како што мештаните ги нарекуваат најнеобичните гробишта што воопшто сте ги виделе.

Не случајно ќе ве прашаат дали одите да ја видите викенд населбата, констатира Al Jazeera, затоа што гробниците се претворени во куќи со различна големина, па многумина што не се од тука, помислуваат дека се работи за бунгалови или викен куќички.

Всушност, во Смољинац има не еднa, туку две вакви гробни населби, а куќите-гробници се разликуваат од многу причини.

smoljinac7

Роднините на починатите се трудат нивната гробница да биде поголема барем за една цигла од онаа на соседот. Се натпреваруваат и во квалитетот на вратите, прозорците, некои имаат огради, столбови во разен стил- со еден збор луксуз со кој се натпреваруваат живите за сметка на мртвите.

smoljinac_9

Фасадите се во различни бои, бели, бордо, сребрени, секакви, а на прозорците дури има и завеси!

smoljinac_1

На мермерни плочи има фотографии на покојниците, а околу нив слики на светците од домашните слави или цветни аранжмани .

smoljinac8smoljinac_4

Првата куќа гробница е изградена далечната 1968 година, а денешните се градат за околу 3000 евра, пишува Al Jazeera.

Извор Al Jazeera