Виктор Орбан го обвини Сорос за мигрантите и влијание врз унгарската политика

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го посочи милијардерот Џорџ Сорос, кој има унгарско потекло, и групите што ги формирал, за влијание врз политичките текови во неговата земја.

Тој во изјва за унгарските медиуми рече дека невладините формирани со пари од Сорос, тајно работат и влијаат врз политиката во Унгарија.

Организациите што ги финансира Сорос, според Орбан, се одговорни за приливот на стотици илјади мигранти кон Европа. Тоа е ,,спротивно на волјата на унгарската влада и на граѓаните“-рече Орбан.

Оцени дека работата на Соросовите групи мора да биде јавна, иако не спомена ниту една по име.

Претходно, медиуми во Унгарија ги посочија Транспаренси интернешенел, Хелсиншки комитет и Унија за граѓански слободи како дел од овие организации и групи за кои зборува Виктор Орбан.