Виктор Троицки позитивен на тестот за Ковид 19

Српскиот тенисер Виктор Троицки е позитивен на тестот за Ковид 19, соопшти организаторот на Адриа Тур.

Тој е само еден од заразените со коронавирус кои учествуваа на овој турнир во организација на Новак Ѓоковиќ.

Бугаринот Григор Димитров прв објави дека е позитивен и се наоѓа на домашно лекување во неговиот дом во Монако.

Анонимен извор од организацискиот одбор на турнирот, за хрватски медиуми изјавил дека Димитров не се чувствувал добро неколку денови, но не сакал да се тестира.

Откако ситуацијата се влошила заминал и го напуштил турнирот.

Сите критики сега се уптени кон него и кон Новак Ѓоковиќ, кој денеска ќе ги објави резултатите од тестот и ќе ѝ се обрати на јавноста.