Последниот ден на Вимблдон е ден кога се доделува „круната“ во машкото финале, годинава, актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ против предизвикувачот Роџер Федерер, подобро и не можеше да биде, вистинска класика.

Ова е 48 пресметка меѓу двајцата тенисери, на Вимблдон се сретнале три пати, еднаш во полуфинале  и два пати во финале, ова е четврта пресметка на завршниот меч на најпрестижниот турнир во годината.

Ѓоковиќ на Вимблдон го има победено Федерер два пати и тоа во финалето во 2014 и 2015 година, врза две титули едно по друго. Федерер единствената победа над Ѓоковиќ ја има во полуфиналето пред седум години кога славеше со 3-1.

Ова е четврта  пресметка на трева  и сите четери се  на Вимблдон. Ривалството е големо меѓу двајцата тенисери, се очекува нова голема  епска борба, интересен тенис за сечиј вкус, време е за финале, време е за класиката , Ѓоковиќ – Федерер и тоа на Вимблдон од 15 часот.