ВИМБЛДОН 2019: Ѓоковиќ започнува со Колшрајбер, нема дуел со Надал и Федерер во полуфинале

Светскиот тенисер број 1, Новак Ѓоковиќ , одбраната на титулата на Вимблдон ја започнува против  Колшрајбер од Германија . Србинот нема да се сретне со Надал и Федерер до евентуалното финале според актуелната ждрепка.

Традиционално, ланскиот победник  прв  ќе излезе на терен во понеделник од 14 часот на централниот стадион, пред неколку недели, Ѓоковиќ го победи Колшрајбер на Мастерсот во Рим.

Интересно е тоа што, Ѓоковиќ е во спротивниот „костур“ на Вимблдон од Надал  и Федерер кои можат да се сретнат во полуфиналето.

Федерер турнирот го започнува против Лојд Херис од Јужна Африка, Надал во првото коло се среќава со Јуичи Сугита од Јапонија.