Висар Вишка: Кучето спиеше,со секира го удри во глава, па го докрајчи со метална прачка

,,Сега со малку посмирени раце и душа од стресниот момент…со помош на лекарства… да опишам што и како се случи, во неможност да почекам полиција после пола саат чекање. Тотално мирна атмосфера, луѓе кои како мене излегле од дома да побегнат од реалноста што ни се случува деновиве. Ги знам пола од луѓето. Таман малку си се потсмирил со кафе муабет, се е тивко како недела да е…опуштена атмосфера. Додека зборам со братучед ми, поминува човек со мала секира пред нас и во таа секунда помислив дека човекот оди да исече некое дрво или гранче. Секунда само, затоа што следното беше мавање со сета сила надолу, на метар од мене, кон главата на кучето кое лежеше и спиеше позади жардињерата. Тогаш првпат го приметив кучето! Уште првиот удар беше смртоносен, затоа што што едвај ја извади секирата од неговата глава! Уште еднаш го замавна по глава со секира, додека цвилеше. Веднаш продолжи со шипка да го докрајчи по телото! Сум бил сведок на многу опасни ситуации кога пукале по мене и животот ми бил во опасност. Но ваков шок, да не знаеш што се случува и како да реагираш, не сум доживеал! Толку! Набргу, веќе после 5 секунди сите сватија што се случи почнаа да врескаат. Кој од бол кој од гнев. Но дотогаш монструмот стигна до својата дома да ги остави оружјата, додека ние свртени накај кучето кое го испушташе животот во тешки маки. Од спиење до смрт! Видеото е од моментот кога се соземав барем малку од шокот и реагирав…после 20/30 секунди…Но шокот сеуште трае. И ќе трае. Кај сите нас, со последици. И ќе наплати дебело и тешко, цел живот ќе му го направам ШОК! (Висар Вишка , сведок на грозоморното убиство на куче и автор на видеото кое ја обиколи Македонија)