Високите зони на Аеродром и Ново Лисиче 24 часа без вода

Револтирани жители на високите зони во населбите Аеродром и Ново Лисиче во Скопје се револтирани и реагираат на социјалните мрежи затоа што речиси едно деноноќие немаат вода. Како што велат, во Водовод и Канализација веќе не одговараат на телефонските повици и немаат информација до кога ќе бидат без вода.

Од ЈП ,,Водовод и канализација,, пред 13 часа на ФБ објавија дека  на ден 09.01.2017 г. поради уличен дефект ф400мм на ул.Димо Хаџи Димов бб ( пред ПС Припор ), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Висока зона на Аеродром и Лисиче.

Отогаш нема нова информација дали е поправен дефектот и до кога жителите на овие две населби ќе бидат без вода.

АКО.мк