Високи меѓународни гости се очекуваат на потпишувањето на Договорот за името во Преспа

Во недела во Преспа, на грчка страна, ќе биде потпишанa „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните“, а на македонска ќе се одржи официјалната церемонија.

Договорот ќе го потпишат министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас.

На брифингот во Владата рекоа дека утре вечер ќе биде познато кои високи меѓународни гости ќе бидат присутни на потпишувањето, но грчките медиуми објавија дека ќе присуствуваат генералниоте секретари на ОН и на НАТО, Гутереш и Столтенберг, како и комесарката за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Преземени се големи мерки на безбедност, посебно заради најаваите за протести на грчка страна.