,,Вистински момент“ од Дагмар Доровска со препев на Ристо Лазаров

,,Вистинскиот момент” е насловот на стихозбирката на Дагмар Доровска што излезе во издание на ,,Везилка 2011”. Препевот на книгата од чешки јазик го направи Ристо Лазаров. Тој е автор и на кусиот поговор кон книгата, нагласувајќи дека јазикот на тагата и на светлината се испреплетуваат во оваа книга пред овие колку кревки, толку и стамени стихови, пред чудесните бои на меланхолијата, но и на вкупната живеачка. Оваа книга, се заклучува во поговорот, ни го пружа реткото задоволство да уживаме во убавината на едноставноста.