Владанка Авировиќ го спаси синот, а Рамчиловиќ бизнисменот Кочан од затвор

Без дискусија и по брза постапка, владејачкото мнозинство вчера ги протурка измените на Кривичниот законик, со што ги намали  затворски казни за тендерски измами . Во салата не беа ниту предлагачите Артан Груби, Снежана Ванчева и Соња Мираковска, па пред гласањето службите мораа да ги повикуваат од ходниците.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ и овојпат едноставно само ја напуштија салата, а измените ги изгласаа 63 пратеници и само еден беше воздржан.

Пратениците од владејачкото мнозинство го сменија членот  275-в во Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набавки или јавно-приватно партнерство, а кој, пак,  е поврзан со кривичните дела за кои се товарат Сеад Кочан и Василије Авировиќ.

И премиерот Заев, самиот рече дека измените покрај наводното помирување, имаат цел да обезбедат двотретинско мнозинство за уставните измени. Ова  е услов од пратеничката Владанка Авировиќ, која му е мајка на Василије, еден од обвинетите за злоупотреба на службена положба во предметот Труст и на Зекир Рамчиловиќ, блисок до Сеад Кочан, за да гласаат за уставните измени.

Казните се намалуваат на три и четири години затвор, а се дава можност и за условна казна. Јавноста жестоко реагираше на оваа постапка, а 16 невладини организации најавија и протест доколку се изгласаат измените. Тие побараа да се повлече измената на Кривичниот законик и на амнестиите, но попусто.