Владата во Романија го повлече спорниот Закон за декриминализација на корупцијата

По масовните демонстрации во Романија, Владата на оваа земја објави дека ќе ја повлече спорната уредба со која се декриминилазираше до одредена мера корупцијата на државните функционери.

Владата оваа спорна уредба ќе ја отповика на првата седница во текот на идната недела. На улиците на Букурешт почна прослава, а десетици илјади граѓани претходно во текот на вечерта направија синџир од луѓе околу романскиот Парламент.

Неколку дена стотици илјади граѓани протестираа откако на владина седница беше прифатено да се амнестираат политичари и други јавни личности за корупција, Исто така, новите измени на законот им овозможуваа на веќе осудени лица за корупција, повторно да може да бидат избирани на највисоки државни функции. Но, најконтроверзно се чини беше решението според кое мито до 45 илјади евра не е кривично дело.