На  посебна седница, Владата на Република Македонија го декласифицираше „Конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство“.

Договорот ги утврдува, на пријателски начин, интерпретациите на поимот МАКЕДОНИЈА; при што на достоинствен начин се заштитени националниот, културниот и севкупниот идентитет на нашиот народ. Добиваме кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонци, македонец, македонка, македонско. Како дома, така и во странство. Преведено без ограничувања на сите јазици во светот. Идентитет за севкупна употреба. Грција го признава нашиот идентитет. Јазикот ќе се користи слободно секаде, во ОН, НАТО, ЕУ, во сите официјални институции, активности и настани.

Ги затворивме сите отворени прашања. Немаме други спорови со соседите или со други држави, се вели во соопштението на Владата.

Линк до целосниот текст на Конечен договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство