Владата го одби Предлог законот за амнестија за 27 април доставен од група пратеници

Владата донесе негативно мислење за Предлог-законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 Април 2017 година, кој беше доставен од група пратеници во Собрание на Република Македонија, соопшти кусо Владата.

Сообраниското координативното тело за помирување најави предлог-закон за амнестија.

Според новата независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, составена од 8 пратеници кои гласаа за уставни измени, на чие барање се прави законот, идејата  е да се стави крај на поделбите по настаните од 27 април, но притоа да не биде спротивно на принципот на владеење на правото.

Се размислуваше за скалеста амнестија односно различен степен на исклучување на одговорност зависно од улогата на учесниците во настанот.

Новата опозициска група тврди дека амнестијата за 27 парил, нема да може да се одвои од уставните измени, но и од реформските закони и дека сите овие прашања ќе се договараат во пакет.

Свој предлог закон најави и ВМРО ДПМНЕ, но од таму бараат целосна амнестија.

Од Владата нема објаснување за чиј закон се работи.