Владата донесе одлука новиот Клинички центар да се гради во Злокуќани(видео)

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција објави дека новиот Клинички центар ќе се гради во Злокуќани. Во близина на специјалната болница во Бардовци, се планирани и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина.

Се планира тоа да биде мал медицински град со лесен пристап за сите граѓани. Одлуката за дислокација, како што наведе Филипче, е донесена по широки консултации со лекарите, архитектите и граѓаните.

Изградбата на новиот Клинички центар се очекува да почне за година и пол, а да трае четири до пет години.