Владата на ВМРО ДПМНЕ платила 200.000 евра за документ ист како актуелната Платформа

Во документ на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, платен со пари на граѓаните од над 200 илјади евра, стои усвојување на нов закон за јазиците-изјави пратеничката на СДСМ Радмила Шекеринска одговарајќи на повеќедневните напади од ВМРО ДПМНЕ дека тие договориле постизборно таква платформа со ДУИ.

На страноица 48 стои сеопфатна дебата за националните симболи. Значи сите овие работи се дел од профактурата која ја остава во наследство ВМРО-ДПМНЕ. Таа профактура граѓаните ја платија со пари, но и со политички последици-рече Шекеринска.

На ова реагираше Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ кој рече дека тој документ го платил и донел Секретаријатот за рамковен договор, но владата никогаш не го прифатила , ниту пак дискутирила за него.