Владата на СДСМ за неполни три години подели 314 милиони евра субвенции за земјоделците

Владата предводена од СДСМ преку мерките од Програмата за земјоделство и рурален развој, од доаѓањето на власт исплатила над 19,3 милијарди денари или над 314 милиони евра субвенции кон земјоделците.

Ова го објави Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, на прес конференција во СДСМ , како што вели тој, по таканаречениот протест на земјоделците пред Владата, кој според него, не беше ништо освен партиски протест на ВМРО-ДПМНЕ.

,,На завчерашниот партиски собир, недостасуваа вистински земјоделци. Наместо нив јавноста виде истакнати партиски функционери, претседатели на месни кометити, на Општински комитети на Неготино на Радовиш, семејства на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, вработени во државни институции кои глумеа лажни загрижени земјоделци.

Вистинските земјоделци немаат причина да протеститраат, затоа што досегашното искуство го потврдува партнерскиот однос и грижа на Владата предводена од СДСМ.

195 милиони денари се исплатија во два дена за дополнителната субвенција од 5 денари за килограм предадена оризова арпа и за субвенцијата за предадено млеко, пари кои што директно легнаа на сметките на вкупно 7.872 земјоделци.

75 милиони денари легнаа на сметките  на 1.460 земјоделци за овошните култури предадени во преработувачки капацитети.

Дополнително со ребалансот се планирани 160 милиони денари за исплата на дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени индустриски јаболка кај откупувачи.

Владата донесе одлука за дополнителна субвенција за предадено јагне во износ од 400 денари за да се намалат загубите на одгледувачите на овци поради ниската откупна цена. 

Со ребалансот на буџетот, обезбедени се нови 915 милиони денари за субвенции за дополнителни мерки кои ќе ги добијат земјоделците за различни видови земјоделаки производи. 

Со оваа сума, финансиската поддршка за земјоделството годинава достигнува околу 7 милијарди денари, пари кои директно се враќаат кај земјоделците за да ги инвестираат во новото производство“-вели Атанасов.