Владата побара банките да овозможат исплата на мартовските пензии од 28 март

На вчерашната седница Владата ја разгледа и усвои информација за исплата на пензии за март 2020 година на предлог на Кабинетот на заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори.

Вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска се обрати до Македонската банкарска асоцијација со барање поради вонредната состојба  со коронавирусот, банките да овозможат исплата на пензиите во пет групи  на пензионери според износот на пензија по работни денови од 25 март до 31 март 2020 година.

По добиеното известување од Македонската банкарска асоцијација, Кабинетот на вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори, предложи, а Владата прифати да им се препорача на деловните банки да обезбедат исплата на пензии од 28-ми март.