Владата подготви Етички кодекс за именуваните функционери и советници

На вчерашната седница Владата ја разгледа Информацијата и го усвои финалниот текст на Етичкиот кодекс за членовите на Владата, носителите на јавни функции именувани од страна на Владата и советниците носители на извршни функции за обезбедување на законито, чесно, транспарентно и одговорно работење на членовите на Владата на Република Северна Македонија, замениците на министрите и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Со овој кодекс се уредува почитување на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, ефикасноста, лојалноста, одговорноста, транспарентноста и заштитата на човековите слободи и права, при вршење на нивните функции односно должности во рамките на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот на Република Северна Македонија, со цел јакнење на интегритетот на институциите и на довербата на граѓаните во нивната работа, информира Владата.

Детали за содржината на Етичкиот кодекс сѐ уште не се објавени.