Владата ќе ги награди македонските фудбалери за секого по 10.000 евра

За победата над Грузија и пласманот на ЕП, фудбалерите на македонската фудбалска репрезентација ќе добијат награда од Влада на РСМ.

,,Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство“-објави премиерот Зоран Заев, кој упати честитки за големиот успех.