Влада: Независноста на Регулаторна комисија е доведена во прашање

Владата денеска ја разгледа информација за обврските и роковите кои произведуваат од Законот за утврдување на цени на водните услуги. Од анализата врз основа на оваа информација, произлегува дека Регулаторната комисија за енергетика не ги почитувала роковите утврдени согласно Законот за утврдување на цени на водните услуги. Наместо да бидат донесени во 2016, Регулаторната комисија за енергетика новите цени за водата ги донела по завршувањето на локалните избори во 2017 година.

Оваа постапка сериозно ја доведува во прашање независноста на Регулаторната комисија за енергетика која очигледно ги синхронизирала одлуките за поскапување на водата со резултатите од локалните избори.

Согласно ова сознание, Владата им препорача на водостопанските препријатија, дека можат да поднесат барање за измена на решенијата за тарифите за водна услуга согласно ставот 2 од членот 17 од Законот за утврдување на цените за водите, соопшти Владата.

Актуелни членови се: Димитар Петров, дипломиран електротехнички инженер, Претседател и член на РКЕ, кој е со втор мандат. Првпат е именуван во 2009, а реизбран е во 2015 година, што значи дека неговиот мандат завршува за повеќе од две години.

М-р Куштрим Рамадани, дипломиран машински инженер, Заменик претседател и член на РКЕ; Именуван за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07-5245/1 од 24 декември  2012 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 166/2012. Значи, веќе со истечен мандат.

Видан Кулевски, дипломиран електротехнички инженер, член на РКЕИменуван за член на РКЕ со мандат од пет години, втор мандат. Именуван е вторпат во 2015 година.

Светлана Јаневска, дипломиран економист, член на РКЕ;
Именувана за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 – 1057/1 од 29.02.2008, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 32/08 и реизбрана за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 – 1067/1 од 19.02.2014, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 37/14.

Енвер Ељмази, дипломиран правник, член на РКЕ;

Именуван за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 08-4452/1 од 17 октомври 2016 година, објавена во „Службен весник на РМ“  бр. 190/16.

Панче Орцев, дипломиран инженер технолог, член на РКЕ;

Именуван за член на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 08-4848/1 од 25 декември 2017 година, објавена во „Службен весник на РМ“  бр. 190/17.

Фото: Димитар Петров