Влада што не може да спроведе попис е неуспешна влада

Со последната, осма регионална средба, што денеска  се одржа во Охрид,заврши серијата советувања – работилници,  во организација на Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) и во соработка со Здружението на новинарите на Македонија.

Со новинарите од Регионалната канцеларија на ЗНМ, беа обработени трите стандардни теми: Активно и одговорно општествено новинарство во процесот на попишувањето, пописот како системаска тема, и и истражувачкото новинарство, односно новинарството што нуди решенија.

Воведничари по тематските области беа д-р Јасна Бачовска – Недиќ, редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први”,при УКИМ и Маја Сталеска од МППС.

-Македонската платформа против сирoмаштијата, во изминатиот период, своите напори ги насочи кон информирање за важноста на популационите политики и пред сѐ важноста напописот како основен, официјален статистички двигател во едно општество од кого зависат социо-економските политики.Целта е да се подигне јавната свест, во што медиумите имаат првостепена улога, за да се зголеми​ знаењето и да се покаже значењето на пописот,​ како и да се постават прашања, преку разговори со експертите, за дилемите кои се појавиле во меѓувреме, и секако, да најдеме начин за соработка во следната година.​ Тоа е интерес на сите  целни групи,  затоа што пописот не опфаќа сите, потенцираа воведничарите.

Во интерактивната комуникација, беше нагласено дека од пописите не треба да се прави политика, тие се чиста економска категорија, нив треба да ги спроведуваат специјализирани институции,кај нас – Заводот за статистика, а не некакви ад-хок политички Комисии, како што беше случај сопоследниот пропадната попис кај нас.

На пописите треба да се гледа со поголема одговрност, тие се многу посложена оиперација, од, да речеме, изборните циклуси. Од тоа како се спроведуваат, се оценува капацитетот на владеењето, а влада што не може да спроведе попис, не може да се смета за успешна влада.

Недозволиво е што кај нас пописите станаа поле за политички и мегуетнички калкулации, односно мегуетнички недоразбирања и недоверба. Од друга страна нема одржлив развој без квалитетно спроведен попис, затоа што е тоа операција која се симнува до најниската клетка на општсетвото – семејството и поединецот., Научно е докажано дека дури 40 проценти од развојот на општеството, доага од индикаторите на пописите.Тие се одржуваат на секои 10, или на единаесетта година, што значи догодина, или најдоицна до 2021, а има најави и стравувања за прескокнување, дури  и на втората можност, беше реченио на работилницата.

МППС е сојуз на здруженија на граѓани во кој на доброволна основа членуваат здруженија на граѓани и индивидуални истражувачи, со цел намалување на сиромаштијата преку промоција на социјална правда, партиципативна демократија, заштита на човековите права, еднаквост, недискриминација и владеење на правото. Тоа е непрофитна, непартиска и невладина организација. Процесот на основање и работа на МППС е поддржан од страна на Лудвиг Болцман Институтот за човекови права (БИМ-ФВ Скопје), преку Австриската соработка за развој.

Веле Митаноски