Владејачкото мнозинство ги изгласа новите министри и заменици министри(видео)

По повеќе часовна расправа во Собрание, владејачкото мнозинство гласаше за предлогот на премиерот Зоран Заев, за реконструкција на Владата.

Рената Дескоска од ресорот образование заминува во Министерство за правда, а нов министер за образование е нејзиниот досегашен заменик во тој ресор, Арбер Адеми.

Асад Адеми од Беа, доажа на местото на досегашниот министер за образование, Роберт Алаѓозовски, а з Бардул Даути е нов министер без ресор.

Веднаш по изборот новите министри дадоа свечена изјава.

За заменик-министер за надворешни работи е избран Андреј Жерновски, за заменик-министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, за заменик-министер за здравство Асим Муса, и за транспорт и врски Садик Беќири.

Претходно, на почетокот од седницата ,Заев ја образложи потребата од реконструкција: