Владиката Агатангел држеше политичка проповед во Велес

Владиката Агатангел-Митрополит Повардарски, вчера држеше политичка проповед пред одреден број велешани во рамки на протестите наречени За заедничка Македонија. Досега невидено на овие простори, тој излезе од рамки на своите црковни надлежности и пред насобраните, кои час скандираа Македонија, Македонија, час се смееа, им зборуваше за унитарноста на државата, за библиска, небесна Македонија,..Тој ги повика македонските партии да седнат, ако треба и да се истепаат како што рече, но да се договорат дека нема да ја делат Македонија. Агатангел побара да се направи попис, кој според него ќе покаже дека нема ниту 20, па ниту 15 проценти Албанци во Македонија и според тие резултати, како што рече, да видиме кому што припаѓа.

.

За Тв21 портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј рече- МПЦ е надпартиска организација и таа се грижи за сите верници, без разлика на нивното национално и политичко определување. Излетници, имало и ќе има. Јас не велам дека нема луѓе во црква кои се определуваат или земаат страна една или друга. Но, официјална Црква како институција треба да биде ова за кое ви зборувам – рече Митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на МПЦ, Тимотеј.