Владиката Петар и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески беа дел од прослава во Кадино Село-прилепско, каде беше одбележана 115-годишнината од загинувањето на војводата Методија Патчев. Тие во присуство на членови на така нареченото Македонско патриотско здружение кое го носи името на овој војвода, пееја стара македонска револуционерна песна за ,,проклетите шпиони“.
Владиката Петар кој треба да е во најолем пост пред големиот христијански празник Велигден ја предводеше процесијата и хорот, а самиот пееше на микрофон:
Преку рецитали, песни и реферат учествувале и учениците од ОУ „Страшо Пинџур“, а како што известува локалниот сајт Маркукуле, тие ,, не потсетија на големото револуционерно дело на Патчев, како и на денот кога тој загинал заедно со својата чета“.
„Традиционално како и секоја година така и оваа во Кадино Село ја одбележуваме трагичната смрт на нашиот македонски револуционер Методија Патчев, благодарност до сите граѓани на Кадино Село, на патриотските здруженија, на учениците од подрачното училиште и на сите кои што се присутни тука да го одбележиме оваа херојско дело“, изјавил градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.
Патриотските здруженија од целата држава во чест на големиот војвода и револуционер организираа панихида на вечното почивалиште во славното Кадино Село, известува локалниот портал.
По повод 115 годишнината, цвеќиња на гробот на Методија Патчев положија претставници од општината Прилеп заедно со градоначалникот Марјан Ристески, претставици од политичките партии, почитувачи на неговиот лик и дело.
Извор:Маркукуле.мк