Владиката Пимен ја налути ВМРО ДПМНЕ

Фотографијата што ја објави Отец Пимен на својот ФБ профил на која тој седи во неврзан разговор со Специјалната обвинителка Катица Јанева и со Биба Додева, налути некои од членовите на ВМРО ДПМНЕ блиски до раководството на партијата.
Исто така на својот ФБ профил реагираше Орце Ѓорѓиевски, кој е особено активен после изборите и често држи прес конференции во седиштето на партијата. Тој му се обрати на Владиката со зборовите ,,Пимене, ќе те речев отец, ама таа титула одамна не јазаслужуваш“….

Пимене, ќе те речев отец, ама таа титула одамна не ја заслужуваш. Се заортачи со луѓето кои се исмеваат со македонската црква, со македонската историја и македонската традиција. Ти наместо да си чувар на овие вредности се врза со шарената групировка која две години игра по туѓо сценарио кое чекор по чекор треба да ја разнебити Македонија. Тие не ти се верниците во црквите, тие се гадат од нашата вера и светата македонска црква. Ти со ова се одвојуваш од македонската црква која останува чувар на македонскиот идентитет и сопатник со народот низ вековите.Ќе те наречев отец, ама ти тоа не го заслужуваш, бидејќи помила ти е накажаната слика со одродниците од македонскиот народ, отколку духовната храна. Сребрениците кои ти ги ветуваат фарисеите ќе те однесат до некое дрво покрај некој прашлив пат. Нели Пимене?Џабе се криеш под мантија Пимене. Народот те виде што мустра си и што целиш да добиеш за секоја твоја досетлива фејсбук преписка и објавена фотографија. Овој народ ќе те запамети и немој да се зачудиш ако некогаш со презир те отфрли. Затоа што народот те завладичи, народот ќе те одвладичи.
ПС: најдоброто што можеш да го направиш е да бидеш владика, наместо политичар.

Отец Пимен во прилог на фотографијата напиша-,,СПЕЦИЈАЛНО за вас прекрасни луѓе“.

 

АКО.мк