Владимир Талески бега од новинари

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, денеска одби да одговари на новинарски прашања.
На прес конференција за спортски настан, што се одржа во неговиот кабинет , тој даде изјава и се повлече, а гостите останаа сами пред камерите.

Откако заврши официјалниот дел од пресот, новинарите се обидоа да му постават прашања и на други теми, но Талески одби да одговори и рече „не, денеска не“, без да слушне за што ќе прашуваат.

%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b8 t5

t4 t2

Куќниот притвор на Талески му беше укинат на 19 септември, а тој на 28 септември за првпат излезе на прес конференција за инфраструктурен проект. Тогаш изјави дека неговото отусутво не се одрази на планот и програмата за работа на општина Битола.

Неколку дена подоцна, Талески не се појави на закажаната прес конференција во битолското село Логоварди за пуштање во употреба на спортско игралиште, иако неговот присуство беше најавено од неговиот кабинет. Новинарите половина час го чекаа на настанот, а со герила акција го чекаа и група битолчани.

Како првоосмничен во случајот Транспортер на СЈО, Талески три месеци беше во куќен притвор. Апелација ја укина мерката на 19 септември, а СЈО на ваквата одлука се жалеше до Врховниот суд. Нему му е определена мерка на претпазливост, односно двапати неделно да се јавува во Основниот суд во Битола.