Влатко Ѓорчев се пофали со заедничка фотографија со идната претседателка на ЕК Урсула фон дер Лајен

По неколкудневни преговори лидерите на ЕУ ги договорија имињата на новите високи функционери.

За претседател на Европската Комисија е кандидирана германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен на местото на Жан Клод Јункер.Лајен доаѓа од германската ЦДУ , членка на најбројната Европска народна партија, и таа е фаворит на германската канцеларка Ангела Меркел.

На челното место на Европскиот Совет е кандидиран белгискиот премиер Шарл Мишел. За ова место фаворит беше и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Висок претставник за надворешна и безбедносна политика ќе биде Џозеф Борел , на местото на Федерика Могерини.  

Кристин Лагард , која доаѓа од челното место на Меѓународниот монетарен фонд е предложена за шефица на Европската централна банка.  

,,Големи честитки за Ursula Von Der Leyen од (ЦДУ) и (ЕПП).

Мајка на 7 (седум) деца: Давид, Марија, Софија, Егмонт, Јохана, Грација и Викторија. Сопруга на Хеико фон дер Лејен, професор и лекар. 

Министер за одбрана (2013 – 2019), Министер за семејство и млади (2005 – 2009), Министер за труд и социјални работи (2009 – 2013). 

Министер за семејство, здравје, жени и социјални прашања (2003 – 2005) во Долна Саксонија. 

Лекар и пратеник, член на ЦДУ, пријател на фондацијата Конрад Аденауред(КАС).

ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во насока Македонија да биде членка на ЕУ“-напиша Влатко Ѓорчев од Вмро Дпмне..