Влатко Ѓорчев ја најави својата кандидатура за Претседател на РМ

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, ја најави својата претседателска кандидатура. Вели, знае како да победи. Тој им се обрати на членовите на ВМРО ДПМНЕ:

Браќа и сестри,

Подготвен сум да ја бранам Македонија онолку колку што ја сакам, а ја сакам НАЈМНОГУ на свет. Со сите свои сили и целото свое битие ќе се борам и залагам за Македонија.

Неколку работи за мене:

– Победник. Победи со најголема и најубедлива разлика во сите 5 (пет) избори на кои што сум учествувал како носител на листа.
– Мотив. ОГРОМЕН мотив. Заедно ќе ја преораме Македонија.

– Чесен. Без скандали и хипотеки.

– Лојален. НИКОГАШ не сум бил во други партии или министер на Бранко Црвенковски.

– Искуство. Член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ веќе 22 години. Присутен на ИК од 2000-та година. Член на ИК веќе долги 15 години. – ИК на УМС, портпарол, меѓународен секретар, ИК, ЦК, Совет на град Скопје, носител на листа, пратеник во 5 мандати, претседател на повеќе комисии во Собранието.

– Терен. Сум бил во СЕКОЈ град во Македонија најмалку 20 пати, сум бил речиси во секое село. – Меѓународни контакти. Отворени врати и лични пријателства во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим, Виена.

– НЕМА да биде дозволено полнење на кутии.

– Член. Член од МК, до ЦК и ИК. НЕ се срамам да се фотографирам со грбот и знамето на ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓанин. Контакти со НВО, новинари, граѓанскиот сектор, спортски манифестации. – Неопределени. ЗНАМ што треба да се направи. Убедливите победи СЕКОГАШ се постигнуваат со НЕОПРЕДЕЛЕНИТЕ.

– Скопје. Тука сум ЦЕЛИОТ мој живот. Знам како да пристапам.

– Источна и Западна Македонија. Го познавам секое село.

– Теми. Подготвен за дебати на СИТЕ можни теми. Од буџет, преку внатрешна политика и актуелни состојби, до меѓународна политика.

– Подготвен за говори на митинзи и ТВ дуели.

– Легитимитет. Верификуван од народот. Народот ме гласал.

– Албанското гласачко тело. Интензивно работам. Веќе ИМА резултати. – Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и останати. Со години сум присутен.

– Македонски позиции. Секогаш на страната на Македонија.

– Оженет, татко на 4 деца: Марта (8), Филип (6), Никола (5) и Катерина (2). Почитувани колеги,

Браќа и сестри, Знам како да победам. Заедно можеме да ја исправиме Македонија, да ја кренеме на нозе. Братски, Со почит,-пишува Ѓорчев.

Партијата распиша оглас за претседателски кандидат, а внатрепартискиот избор од пријавенитне ќе биде одлучувачки со кој кандидат за Претседател на РМ ќе настапи ВМРО ДПМНЕ.