Влахов Мицов бара ,,народен суд за македонските предавници”

Стефан Влахов Мицов кој неодамна на 23 Октомври беше закитен со државната награда што го носи истото име, во текст објавен на порталот Курир, бара ,,народен суд за македонските предавници”. Тој истовремено со државната награда, чиј паричен износ е во вредност на 10 просечни македонски плати, доби позитивна рецензија за научни трудови подготвени за предвремен избор во научно звање од нова комисија , откако претходно член на веќе формираната комисија даде негативна рецензија за неговите трудови.

Беспредметно е да се прераскажува неговиот текст претставен како колумна, но она што сите треба да не загрижи е што личност која е директно поддржана од актуелната влада во секоја смисла на зборот, шири говор на омраза. Активистите на Шарена револуција ги нарекува ,,шарени бандидти”. Амбасадите на САД и на Велика Британија ги посочува како нивни раководители, а незадоволството на демонстрантите за време на протестите изразен преку бојосување на објекти од Скопје 2014, дело на македонски предавници и на петоколонаши. Специјално јавно обвинителство, според перјаницата на ВМРО ДПМНЕ, е антидржавен елемент.

Специјалната обвинителка Катица Јанева е ,,нелигитимна фаца”, а другите обвинители ,,нејзина компанија” и државни предавници и бандити.

Прави скандалозно поврзување на американските и на македонските избори, а американските избори според него, ќе бидат образец за антимакедонските бандити.

,, Таму, мисли на Америка, демократите се подготвуваат да го убијат Трамп”- вели човекот кој сака да истражува и пишува за историја во ИНИ.

,,Така што, пред и на 11 декември не очекува битка. НО ВИСТИНСКАТА БИТКА ЌЕ БИДЕ ПОТОА. Никој не смее да се залажува дека македонскиот народ ќе гласа, а потоа смирено ќе чека одлуките на странските газди за резултатите од изборите. И натамошни уцени. Македонските државни предавници, шпиуни, „шарени“ и така натаму терористи и бандити, ги чека НАРОДЕН СУД. Суд не со наместени однадвор судии, не со смешни парични и затворски казни, не со аболиции, туку МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН СУД ВО ДУХОТ НА НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ ТРАДИЦИИ, КОГА САМИОТ НАРОД ОДЛУЧУВА И НОСИ СПРАВЕДЛИВОСТ ПРЕКУ ДИРЕКTНА ДЕМОКРАТИЈА.

НЕМА ШАНСИ МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДАВНИЦИ ДА СЕ СПАСАТ ОД НАРОДНИОТ СУД. ЌЕ ИМ БИДЕ НАПЛАТЕНО ЗА СЕ – И ИНДИВИДУАЛНО И ФАМИЛИЈАРНО. ЗАТОА ШТО ТИЕ ВО ИЗМИНАТИТЕ 25 ГОДИНИ ФАМИЛИЈАРНО УПРАВУВААТ И ЈА УНИШТУВААТ МАКЕДОНИЈА”-вели човекот кој широкоградо беше прифатен во Македоинија како угнетуван во Бугарија.

Стефан Влахов Мицов сега зема државна плата вработен во Институт за национална историја . Живее во државен стан доделен на користење за ,,посебни заслуги”.

Последните десетина години во Македонија партијата на власт директно поттикнува говор на омраза и дискредитација спроведуван преку нивни лојални извршители од разни бранши, кои потоа се наградувани со функции,пари и разни бенефити.

Како никогаш досега е продлабочен јазот меѓу неистомислениците, а нетрпеливоста резултира со физички напади и омаловажување, бркање од работа и слично.

Последниот инцидент инспириран од говорот на омраза беше врз новинарот Павле Беловски, кој беше нападнат на работно место без никаков повод и причина.

Емилија Лазаревска