ВМРО ДПМНЕ:Алаѓозовски направи Министерство за сталинизам,за варварство и за некултура

ВМРО ДПМНЕ реагираше и за разрешувањето на долгогодишната директорка на Управата за заштита на културно наследоство во Охрид -Тања Паскали-Бунташеска. Од оваа партија Министертсвото за култура го нарекуваат-Министерство за сталинизам, за варварство и за некултура на Роберт Алаѓозовски, а министерот го обвинија дека  продолжува со правењето хаос и демонстрирањето на својата сопствената неспособност.

,,Однесувајќи се како да му е фамилијарно наследство, а не дадена чест да служи на граѓаните, Алаѓозовски и неговите помошници и советници со класичен фашизоиден говор на омраза ги прогонуваат по политичка и идеолошка основа сите луѓе кои ги означиле како свои противници.Чистките во Охрид продолжија со незаконското разрешување на исклучително успешниот професионалец Тања Паскали-Бунташеска, Управата за заштита на културното наследство се лиши од еден професионален директор. Со ова Алаѓозовски докажа дека него и неговата партија не го интересираат професионалци туку смената на исти директори е произлезена да ги партизира сите институции“-рече Крсте Јовановски од ВМРО ДПМНЕ.

,,Срамна, незаконска и незаборавена ќе остане неговата акција на чистки и на политички прогон која тој ја нарече „ослободување на институциите од влијанието на Никола Груевски“. Алаѓозовски мисли дека ако тој самиот се нарече ослободител граѓаните ќе му веруваат и не гледајќи го што прави. Граѓаните господине Алаѓозовски не се наивни, и ти верувај ми грешиш што ги потценуваш.

Замислете, Алаѓозовски на средина на меѓународниот фестивал Охридско лето го менува директорот на фестивалот, од политички причини. Ваквото однесување не е однесување на ослободител на институција, туку на човек без образ, без срам и без голема моќ на расудување.

Министерот демонстрира врв на неморал и нула етика со овие потези, и ова го забележуваат дури и најтврдокорните членови на партијата од кад ешто тој е дојден за министер.

Не поминаа ни два месеци а со своето дивеење, ароганција и препотентно однесување успеа да создаде услови сите буквално сите да се срамат од него. И тие кои го поставиле на таа позицијата, но и сите граѓани на Република Македонија бидејќи министерството за култура се раководи неодговорно и со малодушност и фрустрации кои резултираат со – неспособност и со не знаење.

Алаѓозовски, господине министре книгочитачу, или работи во интерес на граѓаните и според законот – или стани и оди си. Истото важи и за сите членови на антиреформската влада на Заев.

Што и да одлучиш, едно е сигурно: еден ден за ова ќе одговарате. И од тоа бегање нема“-рече Јовановски.