ВМРО ДПМНЕ:Владата на Заев не може да изгаси нормални летни пожари

,,Неспособноста и неажурноста на СДСМ ја претворија Република Македонија во една голема еколошка катастрофа, со пожари на секој чекор, каде веќе почнаа да горат и куќи и каде горат и по неколку децениски дрвја кои се белите дробови на државата.

Владата на Заев веќе неколку денови не може да изгаси нормални летни пожари, кои поради нивната неажурност и ненавремена интервенција за локализација на истиот прерасна во вистинска опасност за жителите на Поречието“-реагира ВМРО ДПМНЕ.

,,Заев и СДС не смеат да дозволат да бидат до волку неодговорни. Народот ги повикува на помош, а тие немаа совест да им помогнат. Горат куќи, имот, и огромни шумски површини кои создаваат огромно количество на кислород и се неопходни за квалитетен и чист воздух.

Владата на Заев ги игнорира пожарите кои поради високите летни температури се се почести, па така додека владата на СДСМ се чешла, цела Македонија гори. Пожари беснеат во Зрновци, Ѓорче Петров, Сарај, Матка, а владата на Заев со прст не мрднува.

Додека Заев и неговите министри јадат од скапите октоподи и морски плодови на трпезата во влада, кои со народни пари ги купуваат, граѓаните на Струга, Арачиново и Тетово секојдневно се гушат во тешкиот чад од депониите кои горат и по неколку дена.

Заради ваквата неодговорност и неспособност СДСМ ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимиран од страна на граѓаните“-се вели во ова соопштение.