ВМРО ДПМНЕ:Стечајниот управник на Фени, Мирослав Анастасиевски е близок пријател на Заев и донирал 123.000 денари за СДСМ

,,Катастрофалните економски политики на Заев, на Тевдовски и на Анѓушев ја зедоа и првата жртва и ја однесоа во стечај првата фабрика. Велешкиот суд и официјално ја активираше стечајната постапка  и експресно назначи стечаен управник за некогашниот гигант во металуршката индустрија Фени индустри.

Назначениот стечаен управник, Мирослав Анастасиевски, од информациите и од документите објавени во медиумите може да се види дека е најголем поединичен донатор на СДСМ во изборната кампања за парламентарните избори во декември минатата година, со донирани 123.000 денари. Имено истиот е и близок пријател со Зоран Заев и со Соња Лукаревска, директорката на УЈП“-изјави Крсте Јовановски од ВМРО ДПМНЕ.

 

,,Дали финансирањето на СДС и пријателството со Заев е главен услов поради кој го доби милионскиот имот на Фени со кого ќе располага во идниот период.

Ветерот и маглата кои Бетиан Китев и Анѓушев им ги продаваа на кавадарчани во предизборието се само потврдија со оваа одлука. Лагите и манипулациите за да се купи глас повеќе нема да им го вратат лебот и работното место на илјадниците граѓани кои ќе останат без работа“-рече тој.